Лук Де Јонг се повреди и нема да може да и помогне на Холандија во понатомошниот дел од Европското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалската федерација на Холандија објави дека Де Јонг го повредил коленото на тренингот во вторникот. На првите два натпревар Лук Де Јонг два пати влезе како резерва, а сега ги повредил лигаментите во судир со соиграчот Коди Гакпо, еден ден по дуелот на Холандија со Македонија.
„Лук Де Јонг на тренингот заработи повреда на лигаментите и нема да може да игра во понатамошниот дел од Европското првенство“, објавија од федерацијата.