Дома Останати Холандија забрани на поранешни фудбалери и славни личности да рекламираат обложувалници

Холандија забрани на поранешни фудбалери и славни личности да рекламираат обложувалници

Рекламирањето обложувалници и коцкарници стана голем тренд во последните години во спортот, таков е случајот и кај нас, а Холандија сега воведе нов закон.

Холандија е првата земја во светот која забранува секаков вид на реклама од популарни познати личности и посебно фудбалери за обложувалниците. Холанѓаните сакаат да стават крај на ваквото рекламирање затоа што идолите на децата ги насочуваат во погрешен пат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во претходниот период Едвид Ван Дер Мејде, Дик Адвокат, Сјак Сварт, Ели Ласт…како и друго беа заштитни лица на обложувалници и коцарници, меѓутоа во иднина нивните договори ќе мораат да бидат раскинати.

„Насекаде ги гледаме рекламите, пред градинки, стадиони, молови…Не е паметно тоа што се случува. Место познатите и идолите на децата реламираат обложувалници треба да ги поттикнуваат луѓето да се однесуваат нормално“, изјавија од холандската Влада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…