Хокеарската репрезентација на Германија е вториот финалист во Пјонгчанг, откако денес ја совладаа фаворизираната Канада со 4:3.
Германците во финалето ќе играат со Русија која претходно ја совлада Чешка со 3:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германија успеа да приреди изненадување и да ја совлада Канада. Од самиот старт на натпреварот имаа предност, после две третини резултатот гласеше 4:1. Канаѓаните успеаа да се вратат, во финишот гледавме вистинска драма, но сепак Германците успеаа да ја сочуваат предност.
Стрелци за германската селекција беа Брус Маекс, Франк Мајер, Матијас Плахт и Патрик Хагер.
Финалето се игра во недела во 05:10 часот по средноевропско време.
Ова ќе биде прво финале на Олимписките игри во кое Германија ќе се бори за златото.