Фудбалерите на Рома изминатиот викенд на свој терен го победија Удинезе со минимални 1:0.
Одлучувачкот момент се случи кон средината на второто полувреме кога Рома успеа да поведе со 1:0, Ел Шарави беше асистент, а мрежата ја погоди Џеко кој така постигна гол на „Олимпико“ после една година во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џеко со тој гол му донесе важни три бода за место кое наредната сезона води наредната сезона во Лигата на шампиони, а освен тоа сигурно му падна камен од срце на Џеко поради тоа што го прекина голтерескиот пост на „Олимпико“.
Една од фотографиите кога Џеко го прославува погодокот стана вистински хит помеѓу навивачите на Рома. Имено, во позадина на фотографијата се гледа еден член на стручниот штаб на римскиот клуб кој неверојатно наликува на Антонио Конте.
Конте веќе некое време се поврзува со Рома и поради тоа оваа фотографија збуни навистина многу навивачи на овој клуб.