Дома Фудбал Англија Хит на Твитер: Адама Траоре со велеслалом си поигра со играчите на Борнмут

Хит на Твитер: Адама Траоре со велеслалом си поигра со играчите на Борнмут

Фудбалерите на Волвс на свој терен денеска го победија Борнмут со 1:0 во натпревар од 31. коло во ПЛ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Волците дојдоа до важна победа и со Манчестер Јунајтед ја продолжија борбата за место кое води во Европа. Моментот на одлука се случи во 60. минута кога Траоре центрираше, а погоди Раул Хименез.

Токму Адама Траоре беше еден од најдобрите поединци на овој натпревар. Беше видно расположен за игра и повторно ја покажа својата неверојатна брзина.

Ситуацијата која го одбележи натпреварот се случи во 34. минута кога Траоре со своите дриблинзи си поигра со играчите на Борнмут, кои само со прекршок на крајот успеаја да го задржат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го доби засилувањето од 60 милиони фунти!

Ливерпул официјално го потврди трансферот на францускиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, а …