Дома Фудбал Хит видео од прославата на Интер: Димарко се мачеше да се качи на пречката 🎥

Хит видео од прославата на Интер: Димарко се мачеше да се качи на пречката 🎥

Интер во понеделникот на „Сан Сиро“ го победи Милан со 1:2 и така ја обезбеди шампионската титула во Италија на пет кола пред крајот.

Фудблерите на Интер така не можеа да посакаат подобар начин да го заверат Скудетото од победа против градскиот ривал.

По последниот судиски свиреж фудбалерите тргнаа во големо славје, а во таква ситуација во интересен момент беше уловен фудбанлерот Федерико Димарко.

Димарко како и уште неколку фудбалери на Интер отидоа до трибината каде што беа сместени навивачите. Заедно со Лаутаро, Димарко тргна да се качува на пречката, но за разлика од Аргентинецот не му одеше најдобро и се помачи.

Тој момент беше забележан од камерите па брзо стана хит на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…