Eдна од најголемите трагедии на сите времиња која никогаш не беше до крај разрешена се случи на 29 мај 1985 година, денес изминуваат 35 години од хоророт во Брисел…
Дали сето тоа можело да се избегне?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа што УЕФА и денес во својата историја ги обвинува само Англичаните, односно навивачите на Ливерпул е само префрлање на одговорноста, често се заборава дека и Јувентус и
Ливерпул вршеа притисок врз УЕФА финалето да биде одиграно на некој друг стадион.
Неколку години претходно навивачите на Арсенал гостуваа на „Хејсел“ кој беше национален стадион на Белгија. Го опишаа како дупка која што само што не се срушила, бидејќи овој стадион беше изграден во 1930 и скоро ништо не беше реновирано со децении. Некои делови биле во толку лоша состојба што постои приказна дека без карта би можело да се влезе низ дупките кои се направиле со текот на времето.
Бониперти на едната страна и Питер Роберстон бараа финалето да биде преместено во Барселона или Мадрид бидејќи стадионите во Шпанија беа далеку по сигурни и имаа скоро двојно поголем капацитет од „Хејсел“.
На крајот билансот од несреќата беше страшен – 39 мртви, 32 Италијанци, од нив двајца малолетници, четири Белгијци, двајца Французи и еден Северно Ирец. На трагедијата претходеше судир помеѓу навивачите, а навивачите на Јувентус не се смирија ниту потоа. Успеаа да ја пробијат полицијата и да се најдат на атлетската патека по што тргнаа кон Англичаните да се пресметаат.
После неколку часа проценката беше дека натпреварот мора да биде завршен со цел да се избегнат нови нереди. Јувентус славеше со голот на Платини и стигна до својата прва европска титула.
По трагедијата на „Хејсел“ фудбал не се играше десет години, беше реновиран за едно атлетско првенство и се преименува во „Крал Будуен“.
Многу работи од тогаш се променија, а никој до крај не ја расчисти трагедијата, односно никој од УЕФА не одговараше за она што се случи…