Баерн Минхен го очекува натпревар против Волфсбург.
На конференцијата за овој натпревар се појави тренерот на гигантот од Минхен, Јуп Хејнкес, тоа не би било некоја вест доколку овој Хејнкес немаше проблеми со грипот поради кој го пропушти натпреварот против Шалке минатото коло.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хејнкес во својата кариера беше тренер и на Реал Мадрид, па новинарите одлучија да го запршаат како гледа на натпреарот помеѓу неговиот поранешен клуб и Пари Сен Жермен.
„Знаете оценките секогаш се површни. Дури и стручњаците мораат да донесат заклучоци според тоа кој би бил победник. Јас мислам поиунаку. ПСЖ играше добро, имаше одличен план. Според мене тие беа подобар тим, но не успеаа да го зачуваат ремито во финишот…Реал во секој случај покажа својата сила и желба. На ПСЖ му недостасува искуство во Лигата на шампионите, традицијата беше таа која направи разлика“, изјави Хејнкес.