Го добивме и 31 патник на Мундијалот во Русуија, а тоа е селекцијата на Австралија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Кенгурите“ го совладаа Хондурас со 3:1 во реваншот од баражот и после првиот натпревар кој заврши 0:0 го обезбедија пласманот во следната фаза.
Трпението и среќата беа главните фактори за победата на сепак поквалитетниот тим на селекторот Анге Постекоглу кој напаѓаше во текот на целиот натпревар. Хонударас добро се бранеше.
Бедемот на гостите беше скршен во 54 минута откако Јединак изведе слободен удар, а топката го погоди фудбалерот на гостите Фигероа и заврши зад грбот на голманот Ескобер за 1:0. И наредните два погодоци беа дело на Јединак и тоа двата беа постигнати со удар од белата точка.
Почесниот гол за гостите го постигна Алберто Елис после мешаницата која настана по еден изведен корнер.