Дома Фудбал Германија Херој на денот: Го победи ракот и постигна хет-трик за седум минути!

Херој на денот: Го победи ракот и постигна хет-трик за седум минути!

Себастијан Але повторно постигнува голови.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд повеќе од шест месеци се борисо ракот на тестисите, а сега во дресот на „милионерите“, а сега почна повторно да игра фудбал. Откако пред неколку дена за првпат се врати и одигра неколку минути, денес постигна хет-трик.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На пријателскиот натпревар меѓу неговата Борусија Дортмунд и швајцарски Базел, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска постигна три гола за само седум минути и со тоа ја комплетираше убедливата победа на „милионерите“ од 6:0.

Борусија одигра брилијантно на подготвителниот меч против Базел, германскиот тим поведе во 39. минута преку Марко Ројс, а серијата продолжи и во вториот дел.

Мален и Џуд Белингем постигнаа по еден гол во првите десет минути од продолжението, додека крајот на натпреварот го обележа Але.

Првиот гол го постигна во 81. минута кога погоди од белата точка за во наредните шест минути да постигне уште два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…