Дома Македонски спорт Мак фудбал Херојски бод на Тиквеш: Гостивар со непостоечки пенал и два играчи повеќе не победи во Кавадарци!

Херојски бод на Тиквеш: Гостивар со непостоечки пенал и два играчи повеќе не победи во Кавадарци!

Денес се одиграа четири натпревари од 13. коло во македонската Прва лига, а најдраматично беше во Кавадарци каде што домаќинот и со два играчи помалку се избори за бод против Гостивар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостивар уште во 12. минута од средбата дојде до водство со голот на Абдула, но вистински хаос се случуваше по половина час игра кога главниот судија на мечот досуди непостоечки пенал за гостинската екипа.

Во протестите се вклуичи и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој влезе на теренот изреволтиран од скандалозната одлука. На Атимен тоа не му пречеше да го реализира за 0:2.

Тиквеш до крајот на првиот дел преку Спахиу намали на 1:2. Во второто полувреме Тиквеш доби и две исклучувања, прво во 71., а потоа и во 90. минута. Сепак и во таква ситуација домаќините во 91. минута постигнаа гол за бод и останаа непоразени.

На останатите три натпревари, Работнички го победи Силекс со 1.0, Македонија Ѓорче Петров во Штип беше подобра од Брегалница со 2:3, додека Воска Спорт и Брера ремизираа 1:1. Утре Шкупи и Вардар го играат последниот натпревар од ова коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…