Голманот на Португалија, Диого Кошта со неверојатниот настап во пенал серијата ја одведе Португалија во четвртфиналето на Европското првенство.
Кошта прво одбрани една голема прилика кога Шешко излезе „еден на еден“ против него, а потоа во пенал серијата ги одбрани првите три удари Словенците и така ги елиминираше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сосема очекувано тој беше прогласен за играч на мечот. Но, исто така Кошта сруши и два рекорди. Португалецот стана прв голман со одбранети три пенали во серија на Европското првенство и прв голман кој не примил гол во пенал серија на ЕП.
3 – Portugal’s Diogo Costa is the first goalkeeper to save three penalties in a UEFA European Championship penalty shootout and also the first to concede zero goals in a Euro shootout. Hero. #EURO2024 pic.twitter.com/zmpz90m7Sw
— OptaJoao (@OptaJoao) July 1, 2024