Дома Фудбал Лига на шампиони Хероите од Бергамо: Аталанта играчите ги плаќа колку и англиски второлигаш кој се бори за опстанок!

Хероите од Бергамо: Аталанта играчите ги плаќа колку и англиски второлигаш кој се бори за опстанок!

 Сезонава Европа има нови фудбалски херои, Аталанта игра фантастично и е блиску да се избори за четвртфинале во Лигата на шампионите.

Аталанта сезонава дебитираше во Лигата на шампионите и во дебитантскиот настап се избори за место во осминафиналето, а таму во првиот натпревар одиграа одличен натпревар и ја победија Валенсија со 4:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во својата историја Аталанта има еден поважен трофеј, а тоа е Купот на Италија во далечната 1963 година. Сезонава немаат ниту една ѕвезда која посебно се истакнува, буквално изгледаат како една фантастична целина која со тимска игра и сплотеност прави нешто неверојатно. Дека е навистина покажува што оваа сезона во Лигата на шампионите Аталанта има девет различни стрелци.

Кога ќе се споредат платите Аталанта е на дури 13. место во Серија А. Меѓутоа најневеројатно изгледа споредбата со англиски Ридинг. Ридинг е тим кој е на 15. место во втората англиска лига и го чека борба за опстанок во Чемпионшип и за плати овој тим издвојува исто колку и Аталанта (36 милиони евра) која е пред четвртфинале во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…