Дома Фудбал Хендерсон нервозен не се поздрави со Клоп, па си доби лекција од Германецот

Хендерсон нервозен не се поздрави со Клоп, па си доби лекција од Германецот

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон беше нервозен поради одлуката да биде заменет на натпреварот против Јунајтед и одби да се поздрави со Клоп, по што доби лекција од Германецот.

Имено, се играше 71 минута од натпреварот, а за Клоп беше неоходно да менува. Во игра влезе Џердан Шакири, а Капитенот беше повлечен. Нервозен од одлуката, при излегување од теренот се поздрави со Шакири, но не и со менаџерот Клоп.

Клоп веднаш го повика и му одржа воспитна лекција. „Не ми пружи рака“, изјави Клоп во слободен превод притоа со прст покажувајќи му на Хендерсон да не си игра со симпатиите на тренерот.

Инаку, вечното дерби заврши без голови, а со овој бод Ливерпул се врати на лидерската позиција со бод предност пред Сити, додека Јунајтед е петти со бод помалку од Арсенал, кој со победата против Саутемптон се врати во топ 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хакет ја оспори одлуката за Вушковиќ: Сити остана без чист пенал

Поранешниот шеф на англиските судии смета дека играњето со рака на Лука Вушковиќ морало да…