Дома Останати Кошарка НБА Хеликоптерот на Брајант имал недостатоци: Дали еден систем можел да го спаси?

Хеликоптерот на Брајант имал недостатоци: Дали еден систем можел да го спаси?

Неколку дена по хеликоптерската несреќа во која животот го загуби Коби Брајнат заедно со својата ќерка и уште седум лица, американските медиуми објавуваат детали за несреќата.

Сега е објавено дека во хеликоптерот на Коби недостасувале неколку работи кои се важни за безбедноста.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Хеликоптерот немал систем за скенирање на теренот и праќање предупредување. Овој систем е препорачан уште пред 14 години. Хеликоптерот немал и црна кутија, па податоците не се снимени, така соопштија од Националниот одбор за безбеден транспорт.

Дали системот кој би го скенирал теренот и испраќал предупредувања ќе го спасел хеликоптерот не е познато, но веројатно шансите би биле поголеми.

Хеликоптерот на Брајант беше „Сикорски“ и тој е произведен во 1991 година, додека овој произведувач системот за безбедност во своите летала започнал да го имплементира во 2005 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…