Дома Останати Кошарка НБА Хауард објасни зошто бил подобар од Јокиќ

Хауард објасни зошто бил подобар од Јокиќ

Двајт Хауард во изјава за американските медиуми истакна дека во врвот на неговата кариера бил подобар кошаркар од Никола Јокиќ.

Вo НБА лигата Хауард дојде во 2004 година кога Орландо го избра како прв пик. Со Орландо успеа да игра финале и беше доминантен од 2008 до 2011 година кога трипати по ред беше избиран за дефанзивецв на годината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега е далеку од фокусот и навивачите како да го забораваат.

„Така е затоа што сум стар. Знам како беше кога бев на врвот од кариерата, бев Двајт Хауард и знаев што правев, знаев дека сум помеѓу најдобрите десет на сите времиња“, изјави Хауард.

Голем дел од јавноста во овој момент го смета Јокиќ за најдобар центар на сите времиња.

„Логично е да биде така, Јокиќ постигнува многу поени и офанзивно е неверојатен. Некогаш јас имав по 38 поени, 20 скока или 45 поени и 18 скока…Сето тоа го постигнував само со двојки, не шутирав тројки. Го сакам Јокич, не сакам да мислат луѓето дека го мразам, но едноставно мислам дека сум подобар од него. Знам колку доминирав во одбраната и нападот. Не ги користев сите вештини само за поени, ја користев брзината и силата за дефанзива, не сакав да ме паметат само како забивач“, изјаву Хауард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок за Далас: Дончиќ се повредил?!

Лука Дончиќ би можел да го пропушти следниот меч меѓу Далас и Оклахома, како што пренесува…