Неколку дена по катастрофалниот земјотрес додека спасувачките служби, војската, полицијата и други волонтери помагаат во потрага и извлекуваат луѓе од под урнатините фудбалскиот клуб Хатајспор ја напушти Супер лигата.
Хатајспор со писмо до Фудбалскиот сојуз на Турција објави дека истапува од Супер лигата после се што ги најде во оваа голема катастрофа
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информацијата ја потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз во Турција, Мехмет Бујкекши кој потврди дека првенството ќе го продолжат со 17 клубови.
„Хатајспор не извести дека се повлекуваат и нема да играат натпревари до крајот на сезоната. Ако и Газиантеп сака така да постапи, ќе го прифатиме и нивното барање. Нашата намера е да ја продолжиме лигата со 17 клубови. Поради се што се случи двата клуба имаат такво право, ние нема да преземеме никакви мерки против нив“, изјави Бујукекши.
Хатајспор е клуб од градот Антакја кој е блиску до границата со Сирија и е еден од оние кои претрпеа најголема штета од земјотресот. Исто така нивниот фудбалер Кристијан Атсу за кого прво се појави вест дека е пронајден, се уште се води за исчезнат.
TFF Başkanı Mehmet Büyükekşi: Hatayspor kulübü bugün yazı gönderdi. Bu sezon maçlarını oynamayacağını bize bildirdi. Gaziantep FK da ligden çekilmek isterse bu iki kulübümüzün hakları baki kalmak kaydıyla 17 takımla yola devam etmek planlarımız arasında. pic.twitter.com/EX14JCKE4Z
— VOLE (@VOLEapp) February 9, 2023