Дома Фудбал Англија Хари Кејн после пропаднатиот трансфер: Совеста ми е чиста

Хари Кејн после пропаднатиот трансфер: Совеста ми е чиста

Хари Кејн остана во Тотенхем, иако цело лето се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но сега тврди дека совеста му е чиста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голгетрот на почетокот на летото јавно изрази желба да го напушти Тотенхем, цело време се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот двата клуба не успеаа да најдат заеднички јазик.

Кејн сакаше да заигра во клуб со поголеми амбиции, па навивачите му замерија за неговото однесување.

„Кажав и претходно дека навивачите имаат право на свое мислење. Но, очигледно е дека понекогаш не ја разбираат целата приказна околу тоа што се случува во позадина. Можам само да кажам дека имам чиста совест и дека единствено што треба да правам е да продолжам ја си ја вршам својата работа“, истакна Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…