Херојот на Англија Хари Кејн, кој постигна два гола против Тунис, изјави дека е многу среќен, но не е задоволен од својата прва партија на Мундијалот.
Напаѓачот на Тотенхем нагласи дека неколку пати бил фаулиран во казнетиот простор, но и покрај тоа, не ги обвинува судиите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Огромна победа за нас. Многу сум горд на духот, кој го покажаа момците. Лично јас не сум задоволен, бидејќи требаше да постигнам повеќе голови. Сепак Тунис заслужува пофалби, бидејќи играа многу добро. На неколку пати бев фаулиран во шеснаесетникот, но тоа е фудбалот и јас не ги обвинувам судиите“, изјави Кејн веднаш по мечот.
„Дури и ако мечот завршеше 1: 1, би бил среќен. Продолжував да зборувам дека најважно е играчите да покажат што можат. Имавме тешки моменти, но ние одговоривме позитивно. Нерешениот резултат ќе беше разочарувачки поради нашата добра игра и многуте создадени шанси. Понекогаш ни недостасуваше свежина, но продолживме да напаѓаме“, изјави селекторот Саутгејт.