По речиси два месеци пауза во Лигата на шампионите, конечно кам бек, а веќе утре ќе можеме да уживаме во дуелот Јувентус и Тотенхем во рамки на осминафиналето во ова натпреварување.
Прес пред дуелот со Јувентус, Кане се осврна на Франческо Тоти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одличниот напаѓач на „Петлите“ се наоѓа во фантастична форма и јасно е дека токму од него зрачи најголемата опасност за гол кон „Старата дама“.
„Ова е голем меч за нас, но опуштени сме да покажеме колку можеме. Од нас не се очекуваше многу во групната фаза со Реал Мадрид со Реал Мадрид и Дортмунд, а ние покажавме дека сите грешат. Се надевам дека со добар резултат утре ќе завршиме добра работа и на Вембли“, истакна Кејн.
Пред самиот крај на прес конференцијата, Кејн доби изненадувачко прашање од италијанските новинари за тоа дали е вистина дека Франческо Тоти беше еден од неговите идоли. Иако се очекуваше дека англискиот напаѓач ќе го прескокне ова прашање, тој тоа не го стори.
„Тоти беше фантастичен играч кој ја мина кариерата во еден клуб и тоа е неверојатно достигнување. Веројатно оствари се што посакуваше во тој клуб. Вистината е дека доста го следев додека растев. Имаше неверојатна кариера и се надевам дека еден ден и јас тоа ќе можам да го кажам за себе“, додаде напаѓачот на Тотенхем.