Хари Кејн стана вториот англиски фудбалер кој ја освоил „Златната копачка“.
Кејн од денеска и официјално е најдобар стрелец во Европа со 36 постигнати голови во Бундеслигата во дресот на Баерн Минхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога тоа ќе се помножи со два, што е коефициент за германската лига, се добива бројот 72, кој е највисок од сите напаѓачи во Европа.
Зад себе Кејн ги остави Гираси, Халанд, Мбапе, а Топ 5 ја комплетира Опенда од Лајпциг.
Штета што и оваа сезона Кејн не освои значаен трофеј, па останува веројатно најдобриот играч во денешниот фудбал кој е без шампионска титула или титула во Лигата на шампионите…
Минатата година ова признание го освои Ерлинг Халанд.