Дома Останати Кошарка НБА Харден и Дурант немоќни, Кари ги водеше Вориорси до победа во Њујорк 🎥

Харден и Дурант немоќни, Кари ги водеше Вориорси до победа во Њујорк 🎥

Стеф Кари одигра фантастичен натпревар и ги преводеше Вориорси до победа против Бруклин во Њујорк.

Кари уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите „тројкаши“ кои се појавиле во НБА лигата и мечот го заврши со 37 поени и деве тројки од 14 обиди. Гостите на крајот славеа со 99:117.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Харден и Дурант на спротивната странаа не можеа да го надополнат она што Кари го правеше. Харден мечот го заврши со 24 поени, 4 скокови и 4 асистенци, додека Дурант забележа 19 поени, 5 скока и три асистенции. Треба да се спомене дека Кари покрај тие 37 поени, подели 5 асистенции и додаде 7 скока.

Пол Џорџ ги предводеше ЛА Клиперси до победа на домашен терен против Сан Антонио Спарс 106:92. Џорџ беше блиску до дабл-дабл учинок со 34 поени, 9 скока и 4 асистенции. Не помогна на Спарси и одличниот Мареј кој оствари дабл-дабл од 26 поени, 12 скокови и 9 асистенции.

Во третиот натпревар Јута ја совлада Филаделфија со 120:85.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…