Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
Хјустон на свој терен беше подобар од Бостон со 116:105. После неколку пресврти и подолг период водство на Хјустон првото полувреме во своја корист го реши Бостон. Сепак, гостите имаа само два поени предност која Хјустон ја неутрализираше веднаш по враќањето на терен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Предводени од расположениот Џејмс Харден кој пред крајот на третата четвртина постигна дури 19 поени во низа за својот тим, Рокетси беа сигурни во текот на целото второ полувреме.
Натпреварот Харден го заврши со 42 поени, 8 скокови и 7 асистенции. Шутираше 9 од 19 од игра и седум од 16 за три поени. Расел Вестбрук го следеше со 36 поени, 10 скокови и 5 асистенции. Кај Бостон најдобар беше Гордон Хејворд со 20 поени, 8 скокови и 6 асистенции.
НБА резултати:
Филаделфија – Клиперси 110:103
Вашингтон – Чикаго 126:114
Њу Орлеанс – Портланд 138:117
Оклахома – Сан Антонио 106:114
Хјустон – Бостон 116:105