Нетрпеливоста помеѓу Интер и Икарди расте се повеќе и повеќе после одземањето на капитенската лента.
Италијанските медиуми пренесуваат дека одземањето на капитенската лента било капка која ја прелило чашата, па двете страни донесле конечна одлука да се разделат на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Икарди не е повикан за мечот против Сампдорија, прашање е кога ќе се врати на терените, а неговата цена драстично се намали после целиот „скандал“.
Интер веќе почна да бара замена за својот голгетер и направи спосок од неколку имиња, а целата ситуација сака да ја искористи Јувентус и да го донесе Аргентинецот во Торино.
Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, но тешко дека некој од заинтересираните клубови ќе се согласи да ја плати таа сума после новонастанатата ситуација.
Моменталната цена на напаѓачот изнесува помеѓу 80 и 90 милиони евра, и Интер ќе направи се за да го продаде во странство, односно Икарди да не заврши кај најголемиот ривал.
Меѓутоа, Јувентус го има најголемиот адут во преговорите, а тоа е Гонзало Игуаин. „Пипита“ моментално е на позајмица во Челзи и тешко дека ќе биде откупен, па „бјанконерите“ се спремни да го испратат во Милано и да доплатат помеѓу 50 и 60 милиони евра за Икарди.
Од останатите имиња кои се споменуваат како замена на Икарди се Дуван Запата од Аталанта, Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед и Едисон Кавани од ПСЖ.