Фудбалскиот сојуз на Косово суспендираше три ѕвезди на својата репрезентација поради кршење на дисциплината.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, селекторот Франко Фода одлучил да отстрани тројца стандардни првотимици од репрезентацијата на Косово. Во прашање се Аријанет Муриќ, Едон Женгрова и Флорент Муслија.
Сите тројца повеќе нема да се дел од репрезентацијата додека е Фода селектор поради прекршување на одредени правила.
„Во одлука со селекторот Франко Фода тројцата фудбалери Муриќ, Женгрова и Муслија се отстранети од националниот тим поради прекршување дисциплински правила“, објавија од Фудбалската федерација на Косово.
Се уште не е откриено што направиле тројцата за да бидат избркани.