„Кралот“ се огласи на друштвените мрежи.
Апсолутен хаос е во НБА лигата во последниот ден за трејдови, размени може да се прават до вечерва до 21:00 часот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од трејдовите кои беа изненадувачки се случи помеѓу Далас и Сакраменто.
Мавси го добија Џастин Џексон и Зек Рнедолв, додека во Сакраменто заврши Херисон Барнс. За работата да биде уште по неверојатно поранешниот крилен бек на Голден Стејт за тејдот дозна во текот на натпреварот против Шарлот.
Ваквата ситуација во која играчот немал поим што се договара зад негов грб додека игра натпревар го налути Леброн кој се огласи на друштвените мрежи.
„Значи ова беше кул бидејќи тие мораат да го направат она што е добро за франшизата зарем не? Го трејдуваа овој човек буквално додека играше, тој немаше поим што се случува. Не ме интересира кој го трејдуваше бидејќи тоа е работа и мораш да го правиш она што мислиш дека е најдобро. Јас само сакам некои работи кои се прават да станат по реални да се променат. Кога играчот сака да биде трејдуван или сака да ја промени франшизата тој е неблагодарен, а кога тие го трејдуваат тоа е најдобро за нив“.
„Јас се сложувам и со двете ситуации, навистина, но да ги наречеме со вистински имиња“, напиша Леброн.