Дома Македонски спорт Мак фудбал Хаос во Вардар пред Воска: Бајевски замина, а најверојатно и Грнчаров!

Хаос во Вардар пред Воска: Бајевски замина, а најверојатно и Грнчаров!

Вистински хаос се случува во најтрофејниот македонски клуб Вардар пред натпреварот со Воска.

По двата стартни порази спортскиот директор Александар Бајевски објави дека ја напушта функцијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да ја известам целата спортска јавност и армијата Вардарови навивачи дека од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата спортски директор на Вардар. Благодарен сум на најголемиот спортски бренд во државата што ми даде шанса и доверба да го водам спортскиот дел на клубот изминативе две години. Чест ми е што бев тука кога беше најтешко. Чест ми е што бев дел од црвено-црното семејство кое со натчовечки напори успеа во „невозможната цел”, да се врати таму каде што припаѓа.

Се заблагодарувам на сите играчи, тренери и вработени во клубот со кои соработував. Никој никогаш нема да може да ја избрише нашата посветеност и приврзаност, преку која заеднички поминувавме преку сите препреки кои ги имавме. Порака за навивачите е да продолжат да бидат со и покрај клубот во добро и лошо. Вардар е еден и единствен! Од денес продолжувам да бидам најголем навивач на клубот во кој го поминав најголемиот дел од мојот живот. До следна прилика, во.некои подобри времиња…

НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ“, објави Бајевски.

Но, неговото засминување не е единствено најверојатно ќе има и тренерска Бобан Грнчаров кој успеа да го врати Вардар во друштвото на најдобрите ќе го напушти кормилото.

Вардар сезоната во Првата лига ја започна со два минимални порази со Брера и Шкупи, а очигледно ќе го продолжат со многу промени. Натпреварот помеѓу Воска и Вардар се игра утре од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…