Интер му „подари“ победа на Јувентус во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија, а навивачите брзо го пронајдоа виновникот.
Капитенот и голманот Самир Хандановиќ е мета на критики, па и навреди од навивачите на Интер на друштвените мрежи. Она што тлееше неколку месеци наназад сега пукна. Хандановиќ ја изгуби довербата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Искусниот Словенец во претходните години ги навикна навивачите на Интер да брани на високо ниво. Често беше единствена светла точка во тимот на „нероаѕурите“. Сега кога е создаден конкуретен тим во борбата за Скудетото Хандановиќ повеќе не прави разлика. Дури стана една од послабите алки. Сезонава имаше неколку сериозни грешки при примањето голови (Беневенто и Верона), за негова среќа Интер победуваше во тие натпревари. Сепак, после дербито против Јувентус Хандановиќ немаше зад кого да се скрие.
Ниту, Конте, ниту луѓето од клубот јавно не му приговориле на Хандановиќ, но изгледа капитенот ја губи поддршката во клубот. Тоа може да се забележи и со новиот договор. Актуелниот му истекува на крајот на сезоната, а се уште клубот не започнал преговори за продолжување на истиот. Кога актуелниот договор ќе му истече Хандановиќ ќе има 38 години.
Кој би можел да го замени?
Се шпекулира дека прва мета на Интер е голманот на Удинезе Хуан Мусо. Мусо заедно со сонародникот Де Пол веќе некое време се најдобри во Удинезе и се очекува да направи чекор напред во кариерата. Проблем може да претставува што Удинезе својот голман го проценува на околу 30 милиони евра.
Алтрантиви се италијански голмани. Марко Силвестри кој веќе втора сезона е одличен на голот на Верона, Алесио Крањо од Каљари и Пјерлуиџи Голини од Аталанта. На крајот се споменуваат уште и Алекс Мерет и Давиде Оспина, меѓутоа на нив не им се дава многу шанса.