Хамес Родригез го напушти Евертон и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот Ал Рајан.
Весникот „АС“ пренесува дека Хамес вклучил интересна клаузула во договорот која му дозволува еднострано да го раскине договорот со Ал Рајан доколку пристигне понуда од ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Весникот тврди дека Колумбиецот има голема желба да заигра заедно со Меси во француската престолнина. Меѓутоа, со неговите настапи во Катар тешко дека може да се надева на повик од „светците“.
Минатата сезона Хамес одигра 27 меча за Евертон на кои постигна 6 гола и запиша 9 асистенции.
Со заминувањето на Анчелоти и тој сакаше да ја промени средината бидејќи не влегуваше во плановите на новиот тренер.