Дома Трансфер зона Хамес Родригез пред враќање во Европа – веќе пристигнал на финални преговори!

Хамес Родригез пред враќање во Европа – веќе пристигнал на финални преговори!

Хамес Родригез како што стојат работите сигурно ќе го напушти катарскиот Ал-Рајан, а сагата околу неговиот нов клуб и понатаму трае.

Се поврзуваше ос бројни клубови од Европа и Јужна Америка, последен во низата беше Ботофаго, но Колумбиецот сепак би можел да се врати на Стариот Континент. Холандскиот коментатор на „ЕСПН“ Мартин Ван Зитвел откри дека Родригез се наоѓа во Ајндховен и така ги подгреа сомнежите дека ќе потпише договор со ПСВ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од ПСВ неодамна си замина Марио Геце кој со добри настапи си ја врати кариерата на вистински колосек, навивачите се надеваат дека по ист пат би можел да тргне и 30-годишниот Родригез.

Ал-Рајан ќе бара оштета помеѓу осум и десет милиони евра, тоа за ПСВ не би требало да претставува проблем посебно поради амбициите на клубот да стигне до групната фаза во Лигата на шампионите каде што почнува од третото коло во квалификациите.

Во Европа Родригез настапуваше за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн и Евертон. Има 30 години и сигурно може да одигра уште некоја сезона на високо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …