Дома Фудбал Англија Халанд: Сакам тројна круна, затоа сум тука

Халанд: Сакам тројна круна, затоа сум тука

Ерлинг Халанд има фантастична прва сезона во дресот на Манчестер Сити и беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата.

Норвешкиот голгетер изјави дека ќе направи се што може за да му помогне на клубот да ја освои историската тројна круна.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сити оваа сезона ја одбрани титулата во Премиер лигата и во наредните денови ќе игра финале во ФА Купот и Лигата на шампиони.

„Би било нереално да се постигне ова историско достигнување. Секако, не треба да криеме дека токму поради тоа ме купија. Ќе дадам се од себе тоа да се случи. Ова е мојот најголем сон. Се надевам дека соништата ќе се остварат“.

„Го бркавме Арсенал цела сезона, па кога ја освоивме Премиер лигата беше големо олеснување. Сега имаме две финалиња на кои треба да се фокусираме пред да одиме на одмор“, изјави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …