Дома Видео Халанд после ова интервју го прогласија за „робот“ (ВИДЕО)

Халанд после ова интервју го прогласија за „робот“ (ВИДЕО)

19 годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд вчера постигна нов гол во дресот на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ со 4:0 го разбија Шалке на „Сигнал Идуна Парк“ и така се доближија до лидерот Баерн на еден бод, а Халанд покажа дека паузата не влијаела премногу на неговата форма.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рурското дерби беше одиграно без публика, но играчите на Борусија на крајот од натпреварот го испратија стандардниот поздрав пред јужната трибина. 

„Да, зошто да не“?, одговори Халанд на прашањето на новинарот на оваа тема.

Потоа новинарот го праша дали тоа било некој вид на порака. Халанд одговори само со „Да“. Потоа следуваше период на молчење по што новинарот побара од Халанд да ја објасни пораката.

„Тоа зависи од моите навивачи, навивачите на Дортмунд“, одговори Халанд. „Тие се секогаш со вас и Борусија?“, постави ново прашање новинарот. „Така е“, повторно кратко одговори младиот фудбалер.

„Многу ви благодарам ми беше задоволство да разговарам со вас“, саркастично заклучи новинарот на крајот од разговорот.

Набрзо стигнаа и реакции на друштвените мрежи по ова интервју на Халанд, па напаѓачот го доби прекарот „робот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…