Дома Трансфер зона Халанд поради Бензема и рекордот на Роналдо го избрал Манчестер?

Халанд поради Бензема и рекордот на Роналдо го избрал Манчестер?

Ерлинг Халанд чекаше понуда од Реал Мадрид, но на крајот како што стојат работите ќе се пресели во Манчестер Сити.

Мадридските медиуми денеска пишуваат дека главен виновник за таквата ситуација е Бензема кој го брка рекордот на Роналдо. Французинот започна да игра фантастично од заминувањето на Португалецот и сега сака да го стигне неговиот рекорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бензема има желба да остане до крајот на кариерата во Мадрид и да стигне до фамозната бројка од 450 постигнати голови на Роналдо.

Бензема сега е на бројката од 322 гола, му треба уште еден за да се израмни со Раул Гонзалес и затоа сака да игра на секој натпревар.

Планот е Бензема да одигра уште најмалку три сезони, но во нив ќе мора да биде на највисоко ниво и да постигне просек од 40+ голови за да го стигне Роналдо.

Дали е можно?

Со доаѓањето на Ерлинг Халанд такво нешто веројатно би било невозможно, а и Халанд не сака да пропушата на натпревари, па затоа за него подобра опција можеби е Манчестер Сити. Халанд, Бензема, Мбапе (веројатно доаѓа), Винисиус и Родриго би биле премногу,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …