Maнчестер Сити повторно беше одличен и славеше победа против Лидс со 1:3 во вчерашниот натпревар во Премиер лигата.
Двоен стрелец за „граѓаните“ беше Ерлинг Халанд кој така дојде до бројката од 20 голови во Премиер лигата, дури седум повеќе од вториот стрелец во најсилната англиска конкуренција, Хари Кејн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот Халанд истакна дека тоа што не играл на Светското првенство било дополнителен мотив за него.
„Бев дома, малку лут што не играм на Светското првенство. Гледањето на другите како постигнуваат голови ме иритира, но и ме мотивира. Сега сум гледен за победа и поспремен од било кога“, изјави Халанд.
Свесен е дека против Лидс можеше да постигне и уште некој гол.
„Можев да постигнам и пет гола, тоа е вистина. Најважно е што победивме. Арсенал е на врвот и мораме да ги „бркаме“, навистина сум среќен за победата, но јас како напаѓач можев да постигнам некој голо повеќе. Таков е животот и фудбалот, што да правам? Морам да тренирам“, порача Норвежанецот.