Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, одбил неверојатна понуда од Манчестер Сити за да се пресели во англискиот првак по завршувањето на оваа сезона.
Имено, „граѓаните“ на Халанд му понудиле неделна плата од 600.000 евра, односно 30 милиони евра годишно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Норвежанецот ја одбил понудата и истакнал дека нема да се води според парите во изборот на нов клуб.
Наводно Халанд сака кариерата да ја продолжи во Шпанија, а Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп исто така зборуваше дека се вртат луди суми околу Ерлинг Халанд.