Eрлинг Халанд и оваа сезона игра одлично во Бундеслигата, а на листите најдобри стрелци и асистенти не се единствените каде што е помеѓу најдобрите.
Според пишувањето на „Кикер“, Халанд го има третиот најдобрз спринт во првенството. Најголема брзина во Бундеслигата оваа сезона оствариле Брајан Ласме од Армнија Биефилд и Алфонсо Дејвис од Баерн. Тие истрчале спринт со 36.08 километри на час.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш зад нив е Халанд кој истрчал 35.94 километри на час. Исклучителната брзина на Халанд му помогна да постигне седум голови и да подели четири асистенции.
Покрај Роберт Левандовски Халанд е прв стрелец во лигата, додека кај најдобрите асистенти го дели првото место со Флоријан Вирц (Баерн Леверкузен), Марко Ројс (Борусија Дортмунд) и Томас Милер (Баерн).
Најбрз фудбалер во светот е Бразилецот Бруно Хенрике на кого му е измерена брзина од 38 километри на час. Килијан Мбапе е трет на таа табела со 36.2 километри на час, веднаш зад Герет Бејл (36.9).