Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд сезонава игра неверојатен фудбал.
Тој вчера дебитираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите и сруши неколку рекорди со двата гола против ПСЖ. Халанд стана првиот тинејџер кој постигнал 10 гола во една сезона во Лигата на шампионите, првиот играч во историјата кој за еден клуб од Бундес лигата постигнал гол на дебито во Бундес лигата, Купот и Лигата на шампионите…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овие податоци се познати од вчера, меѓутоа постои и еден рекорд кој е сопственост на Халанд и кој нема врска со фудбалот.
Имено, Халанд како петгодишник поставил светски рекорд во скок од далечина од место. Во јануари 2006 година Халанд скокнал 1.63 што е рекорд за еден петгодишник кој е на сила и денес.
Значи, ако не успеел во фудбалот за Халанд веројатно ќе сме слушнеле во атлетиката.