Како гостин на клупскиот подкаст, норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше замолен да избере спортист надвор од фудбалскиот свет кој би го нарекол свој херој.
Одличниот напаѓач малку размислуваше по прашањето, а потоа рече дека тоа е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Ми се допаѓа Ѓоковиќ. Мислам дека е добар и е свој. Неверојатно е тоа што го постигна. Дојде од никаде, од својата земја. Го избирам Ѓоковиќ”, изјави 23-годишниот напаѓач кој минатата сезона за Сити постигна 52 гола на 53 натпревари и со него ја освои тројната круна.
Ѓоковиќ, водечкиот светски тенисер и за многумина најдобриот на сите времиња, собори голем број рекорди во својот спорт, вклучувајќи го бројот на недели на првото место на АТП листата (411) и бројот на освоени Грен слем титули (24).