Првиот пораз на Манчестер Сити оваа сезона се случи на „Енфилд“. Избраниците на Јирген Клоп успеаа да слават со 1:0 (0:0) во едно дербито против големиот ривал.
Првото полувреме не изобилуваше со шанси за гол. Првиот посериозен напад го имаше Ливерпул кога топката дојде на левата страна до Робертсон кој од работ на шеснаесетникот шутираше над голот. На другата страна сериозна шанса за Халанд, но Алисон добро се снајде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претежно се играше на средината на теренот, со голема борба. Можеби Манчестер Сити беше нешто поконкретен, но без преголеми шанси.
Второто полувреме започна бурно, со три 100% прилики во првите 10 минути. Неверојатно е што промаши Салах во 50. минута од натпреварот. Му се отвори можност да истрча на контра, Фирмино го пронајде на фантастичен начин, а во ситуација „еден на еден“ феноменално интервенираше Едерсон.
Само три минути подоцна, откако не беше досуден корнер за Ливерпул, Манчестер Сити погоди преку Фоден. Но поради фаул во напад на Халанд претходно судијата Тејлор го поништи голот после реакцијата на ВАР.
Одлучувачкиот момент се случи во 76. минута Алисон одлично го пронајде Салах напред кој ја прими топката и си создаде втора ситуација „еден на еден“. Овој пат не промаши и реализираше за голема радост на својот тим.
До крајот на натпреварот видовме по некоја шанса и на двете страни, но мрежите мируваа, па Ливерпул ги освои бодовите.
Salah sent Cancelo back to the cleaners😭😭😭😭😭😭😭pic.twitter.com/y1FaRYgx39
— ًً (@LuisDiazzler) October 16, 2022