Дома Фудбал Англија Халанд го сруши рекордот на Агуеро, на ред е англиската легенда!

Халанд го сруши рекордот на Агуеро, на ред е англиската легенда!

Eрлинг Халанд не престанува да руши голгетерски рекорди од кога дојде во Манчестер Сити. Последниот го сруши вчера во натпреварот против Бормут.

Во рамките од 25-тото коло во Премиер лигата, Манчестер Сити како гости на „Виталити“ стадионот славеше со 1:4. После два натпревари во кои не постигна гол (Нотингем и Лајпци), Халанд повторно беше стрелец.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера погоди во 29-тата минута од пенал и зголеми на 0:2 со тоа сруши нов рекорд. Норвешкиот напаѓач стигна со 27 голови во англиската Премиер лигата и го сруши рекордот на Серхио Агуеро кој беше играчот со најмногу голови во една сезона во Премиер лигата за Манчестер Сити.

Во сезоната 2014/2015 Агуеро постигна 26 голови. Претходно Аргентинецот имаше најдобри резултати во сезоните 2015/2016 (24 гола) и 2011/2012 (23 гола).

Халанд во овој момент е водечки стрелец во Премиер лигата со 27 голови, десет помалку од второпласираниот Хари Кејн. Норвешкиот напаѓач сега ќе го „брка“ рекордот на Алан Ширер кој со 34 гола е играчот кој постигнал најмногу голови во една премиерлигашка сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…