Килијан Мбапе се уште не објавил за кој клуб ќе настапува во следната натпреварувачка година.
Тој е договорно поврзан со ПСЖ само до крајот на сезоната, а со години е поврзуван со Реал Мадрид, но ништо не се случи на тој план.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Мадрид го губат трпението и се обраќаат кон Ерлинг Халанд. Ова го тврдат шпанските медиуми и наведуваат дека Реал има план да го доведе.
Норвешкиот напаѓач е под договор со Манчестер Сити до крајот на јуни 2027 година, но во договорот има клаузула според која веќе претстојното лето може да го напушти клубот.
Во обидот да го реализира тој трансфер, Реал ќе се води по истата стратегија што резултираше со доведување на Џуд Белингем.
Тоа значи воспоставување директен контакт со агенцијата која се грижи за кариерата на играчот, додека трета страна би била задолжена за преговорите меѓу клубот и Сити.
Цената на Халанд за заминување од англискиот клуб на крајот на сезоната е околу 180 милиони евра, а секоја година е пониска.
Кога Реал го донесе Белингем, користеше неколку агенти во преговорите со него и клубот. Тоа планира да го направи сега, а се потпира на фактот дека Белингем ќе го одработи неофицијалниот дел од преговорите обидувајќи се да го убеди својот поранешен соиграч од Борусија Дортмунд да премине на Бернабеу.