Фудбалската федерација на Македонија денес го оддржа своето редовно Собрание, на кое брзо беа изгласани сите точки на дневен ред од страна на делегатите кои му дадоа стопостотна поддршка на претседателот.
Оттаму, на денешното собрание беас изгласани финансискиот извештај предвиден за 2018. година, како и ублажувањето на казните за фудбалерите кои на Металург.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Собранието присуствуваше и Шукер, кој ја искоментира актуелната ситуација в Федерацијата и го пофали нејзиното работење.
Се обрати и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски кој истакна дека се докажа дека македонскиот фудбал знае и може. Тоа се докажа со напредокот на ранг листите, како и инвестициите во младите генерации. Го спомена историскиот успех на младинската репрезентација. Го потенцираше и одличниот настан Супекупот, кој е секако дел од фудбалската историја на Македонија. Посочи дека треба да бидат сите години, со оглед на тоа дека оваа Федерација се бори постојано за чесен и отворен фудбал.