Најголемиот футсал мајстор на сите времиња Фалкао на 41-годишна возраст одлучи да се збогува со репрезентацијата.
Бразилскиот магионичар се збогуваше во голем стил. Неговиот Бразил победи против Паргвај со 4:2, а Фалкао беше стрелец на два погодоци, тоа беа неговиот 400-ти и -401-ви гол во 258-тиот натпревар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Футсалот бара жртви, бев далеку од домот и најблиските, но не можам да кажам дека не вредеше. Знам колку значам за овој спорт. Поминав 20 години во него“, изјави на простувањето големиот мајстор.
Фалкао на клупски пласман освои се што можеше да се освои, а со Бразил долги години доминираше и на репрезентативен план, а четири пати во својата кариера беше избиран за најдобар во светот.
https://www.youtube.com/watch?v=HCZEyMW25ZU