Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Фудбалската класика на „Вембли“ за Англија, Стерлинг и Кејн ја елиминираа Германија! 🎥

Фудбалската класика на „Вембли“ за Англија, Стерлинг и Кејн ја елиминираа Германија! 🎥

Репрезентацијата на Англија денес на „Вембли“ ја доби фудбалската класиска со Германија и се пласираше во четвртфиналето.

Како и што се очекуваше гледавме еден одличен натпревар со по некоја шанса и на двете страни, меѓутоа после првите 45 минути не видовме погодоци. Скоро идентично течеше мечот и во второто полувреме.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На гол чекавме се до 74. минута кога Рахим Стерлинг го постигна третиот гол на Европското првенство. Само неколку минути по голот на Стерлинг Германците ја пропуштија најголемата шанса на натпреварот. Токму Стерлинг погреши во едно додавање, а топката дојде до повратникот во репрезентацијата, Томас Милер.

Милер доби шанса каква што само може да посака, излезе еден на еден со Пикфорд, но несвојствено за него шутираше покрај голот. Набрзо по тоа промашување на Милер стигна казната и тоа преку Хари Кејн кој ги постави конечните 2:0.

Треба да се спомене дека голот на Кејн беше прв на Европското првенство за Англија кој не беше дело на Рахим Стерлинг. Овој натпревар беше последен на клупата на Германија за Јоаким Лев кој пред почетокот на првенството потврди дека заминува по крајот на турнирот.

Во четвртфиналето Англија ќе игра против победникот од вечерашниот дуел помеѓу Шведска и Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Клоп отвори профил на Инстаграм и направи – хаос! 🎥

Jирген Клоп заминува од Ливерпул, утре за германскиот стратег ќе биде последниот натпревар…