Дома Фудбал Англија ФУДБАЛОТ НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ: Во Англија се формираше клуб – Осогово! (ВИДЕО)

ФУДБАЛОТ НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ: Во Англија се формираше клуб – Осогово! (ВИДЕО)

Од Англија во време на пандемијата со коронавирусот пристигнува убава вест поврзана со второлигашот Осогово.

Како што официјално објави Осогово на својот сајт во Англија е формиран клуб инспиран од македонскиот второлигаш.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Од вчера и официјално е формират клуб под името ГР (Грас Рут) Осогово во Англија. Целата приказна започна кога група фанови од јужниот брег на Англија и градот Портсумт преку социјалните мрежи дознаа за Осогово. Најправин формираа фан база како поддршка за нашиот клуб во Англија која брои 150 членови, за да потоа во комуникација и поддршка со нашиот клуб тие формират и аматерски фудбалски клуб со името ГР Осогово. Овој тим од почетокот на следната сезона ќе се натпреварува во најниското регионално натпреварување, „Сандеј лигата во регионот Госпорт“, стои во дел од соопштението од Осогово.

Осогово како поддршка обезбеди комплет опрема за новата сезона на клубот од Англија.

Инаку клубот е составен од млади фудбалери од Англија и нема играч од нашите простори. Ова е доказ дека фудбалот не познава граници.

Во видеото под текстот запознајте се со ГР Осогово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…