Дома Трансфер зона Фудбалот мирува, трансферите не: Милинковиќ-Савиќ се сели на Островот

Фудбалот мирува, трансферите не: Милинковиќ-Савиќ се сели на Островот

Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.

„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат Тотнем и Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно Жозе Мурињо спрема голема револуција на тимот ова лето и главна цел ќе биде токму Милинковиќ-Савиќ. Тотенхем е спремен на лето да го продаде Ндомбеле, а како негов заменик да го донесе Србинот.

Од Лацио му порачаа на заинтересираните клубови дека цената на СМС изнесува 120 милиони евра, а интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Јувентус…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…