Фудбалерот на Селта Санти Мина е осуден на затворска казна во време траење од четири години поради сексуален напад на девојка во 2017 година!
Мина тогаш беше играч на Валенсија, а покрај затворската казна ќе треба да плати отштета од 50.000 евра, притоа нема да смее да и пријде на девојката поблиску од 500 метри во следните 12 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првично обвинителството во обвинителниот акт бараше дури 10 години затвор за 26-годишниот Санти, но казната на Мина беше намалена на четири години.
Лоша вест за Мина и Селта е фактот дека затворската казна го надминува рокот од две години, па според законот нема да може да избегне време во затвор, а тоа ќе значи и крај на кариерата.