Дома Фудбал Фудбалерот на Рома немал срцев удар. Де Роси: Се е во ред

Фудбалерот на Рома немал срцев удар. Де Роси: Се е во ред

Медицинските тестови отфрлија срцев удар на играчот на Рома, Еван Ндичка (24), кој колабираше на теренот од болки во градите на натпреварот против Удинезе, пренесуваат италијанските медиуми.

Ндичка колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш излезе на терен, носеле и дефибрилатор, но не бил користен. Играчот беше изнесен на носилки, свесен и веднаш беше пренесен во локалната болница.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Италијанските медиуми јавуваат дека тестовите ја отфрлиле можноста за срцев удар. Се верува дека Ндичка бил погоден во градите претходно на натпреварот и дека тоа предизвикало отежнато дишење. Сепак, тој ќе остане во болница на опсервација.

Како што пренесува Скај Спорт 24, тренерот на Рома, Даниеле Де Роси и капитенот Лоренцо Пелегрини го посетиле Ндичка во болница, а управата на Удинезе му испратила порака за охрабрување.

„Се е во ред, се е во ред“, им рече Де Роси на новинарите собрани пред болницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…