Крилниот напаѓач на Милан, Сусо истакна дека повеќе би сакал „Росонерите“ да бидат четврти на крајот од сезоната, отколку да го освојат Купот на Италија.
Логично, четвртата позиција во Серија А носи директен пласман во Лигата на шампионитр, додека освојувањето на Купот, води само кон ЛЕ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашата амбиција оваа сезона е Лигата на шампионите.л Го имаме и Купот и финалето со Јувентус кое е посебно бидејќи можеме да освоиме трофеј. Меѓутоа, повеќе би сакал да бидеме четврти на крајот од сезоната“, истакна Сусо за телевизијата на Милан.
Шпанецот зборуваше и за методите на тренингот на Џенаро Гатузо.
„Тренинзите се многу тешки, а бидејќи Рино толку вика што тренинг кампот одекнува, тоа уште ги прави понапорни. Толку вика што можете да го чуете на другата страна од теренот. Се шегувам, секако, да не се шегувам, утре би ме натерал да трчам еден час“, низ насмевка истакна Сусо.
Милан во рамки на 30. коло во Серија А во недела ќе гостува кај екипата на Јувентус во Торино.