Тотенхем во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите го победи Манчестер Сити со резултат 1:0. Меѓутоа работите за „граѓаните“ можеа да завршат поинаку.
На стартот од натпреварот гостите имаа пенал, но ударот на Серхио Агуеро од белата точка одлично го одбрани Хуго Лорис. Судијата Бјорн Кјуперс најстрогата казна ја досуди после прегледаната снимка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После шутот на Рахим Стерлинг со рака играше Дени Роуз, а холандскиот арбитар со помош на ВАР технологијата одлучи да покаже на белата точка.
Досудениот пенал за Манчестер Сити предизвика реакција кај фудбалерот на Милан, Матео Мусакио кој на Инстаграм објави видео снимка од спорната ситуација и се праша како во саботата не е досуден пенал за „росонерите“ против Јувентус со оглед на тоа дека се работеше за скоро идентична ситуација.
Навивачите на Јувентус оваа реакција на дефанзивецот на Милан ја сфатија како провокација, додека други сметаат дека Мусакио барал само правда.
Во тој натпревар кој Јувентус го доби со 2:1, Мусакио направи пенал.